Во очекување на вакцини од „Фајзер“ кои треба да стигнат следната недела, Албанија урива негативни рекорди на новозаразени со Ковид-19.
По високите бројки на новозаразени во едно деноноќие присутни во текот на минатиот и почетокот на овој месец, вчера во земјата е регистриран највисок негативен рекорд од 1.007 новозаразени.
Од направените 3.849 тестови опасниот вирус е дијагностциран кај 1.007 лица, што е над 26 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 581 лице, починаа шест лица, додека во четирите ковид болници се третираат 404 пациенти, информираше синоќа Министерството за здравство.
Иако од Министерството информираат дека во земја нема случај со мутација на вирусот познатиот професорт доктор Тритан Шеху, поранешнот министер за здравство изјави дека не е можно кога во соседните земјите циркулира да го нема во Албанија.
Уште повеќе по добиената информација дека патничка која пристигнала во Германија од Албанија била заразена со „британската“ мутација на вирусот, рече Шеху, кој состојбата во земјата со Ковид-19 ја оценува како алармантна.
Ваква оценка дава и Петрит Васили исто така поранешен министер за здратсво, според кого Владата целосно потфрлила во справувањето со пандемијата.
Comments are closed for this post.