Директорката на Упавата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес конференција објави податоци кои зборуваат за злоупотребата на финансиската помош по однос на исплата на плати за месецот декември.
За декември 2020. година поднесени се 13.721 барање на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021. година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица. За работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на сметките на вработените лица. Најголема злоу потреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво. Најголемиот број на ваквите фирми кои ја злоупотребиле помошта се од Скопје, истакна Лукаревска.
Comments are closed for this post.