Германските компании очекуваат дека секојдневието и нивниот бизнис ќе бидат ограничени уште многу месеци, покажуваат резултатите од најновото бизнис истражување на институтот ИФО.
Според наодите од тоа истражување, компаниите предвидуваат дека ограничувањата во јавниот живот ќе траат уште 7,4 месеци, а не очекуваат нивниот бизнис да се врати во нормала уште 10,3 месеци, се вели во соопштението на Институтот ИФО.
Проценките по сектори се разликуваат само малку.
Производителите очекуваат ограничувања на јавниот живот да траат уште 7,4 месеци, давателите на услуги 7,5 месеци, трговците 7,2 месеци и градежниците 7,3 месеци.
Кога станува збор за враќање на нивниот бизнис во нормала, производителите не очекуваат тоа да се случи во следните 10,2 месеци, давателите на услуги проценуваат дека ќе бидат потребни уште 10,6 месеци, трговците на мало 9,3 месеци, а градежните компании се надеваат дека деловните активности ќе се нормализираат за 10,4 месеци
Comments are closed for this post.