Со Заев на власт Македонија секоја година тоне се повеќе во корупција. Последниот извештај на Транспаренси Интернешнл покажува дека Македонија има историски највисоко ниво на корупција и е сместена на 111 место, 5 места полошо од лани. Подобро од нас со корупцијата се справува Косово, Брегот на слоновата коска, Белорусија и стотина други земји во светот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека овој извештај само потврдува дека со Македонија владее мафија која се богати на грбот на народот. Затоа мафијата на Заев јаде со златни лажици, а обичниот граѓанин нема ни за леб.
– Овој извештај покажува дека нема апсолутно никаква институционална борба со корупцијата, нема реална разрешница на големите коруптивни скандали како „Леонардо“, набавката на реагенси, скапите грејдери во одбрана, финансирањето на магариња и фризерници со европски средства, рекетот, торбите со снопчиња пари и десетици други корупциски мега скандали на власта, се вели во соопштението.
– Се е поклопено од страна на мафијата на власт, и законодавната и извршната власт, обвинителството и судството, антикорупциските тела и органи. Сите тие се ставени во функција на заштита на криминалот и корупцијата, наместо да се борат против нив. Ете затоа Македонија е најкорумпираната држава во Европа и една од најкорумпираните во светот и се дури е Заев на власт државата ќе тоне на ваквите ранг листи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.