Обвинителството поднесе обвинение за дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“. Обвинетиот М.А. го гони за бесправно градење затоа што во јуни годинава во својство на инвеститор градел објект со површина од 390 метри квадратни, а немал одобрение за градба. Обвинетиот веќе има мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиште, одземен пасош, како и обврска за повремено јавување во суд. Летово, инвеститорот започна да гради, откако претходно кафулето „Фонтана“ изгоре во пожар.