Германија размислува за натамошно заострување на ограничувањата за патувања, па и за драматично намалување на воздушниот сообраќај поради загриженоста од новите мутации на коронавирусот, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Според него, министерството разговара со германската Влада за откажување на сите непотребни патувања, пренесе Си-Ен-Ен.
-Заканата од големиот број мутации на вирусот бара драматични мерки. Ова вклучува значително засилени гранични контроли, особено во областите со висок ризик, но, исто така, и намалување на воздушниот сообраќај кон Германија на речиси нула, како што Израел во моментов прави за да спречи мутациите на вирусите за влезат во земјата, објасни Зехофер.
Портпаролот на германското МВР додаде дека граѓаните очекуваат на најдобар можен начин да бидат заштитени од експлозија на бројот на новозаразени.
Зехофер додаде дека оваа одлука ќе биде разгледана на национално ниво доколку не се преземат задоволителни мерки на ниво на ЕУ
Comments are closed for this post.