Кои се правните експерти на Пендаровски кои за еден ден го разгледале Законот за попис? Ова прашање се наметнува ако се погледне листата на советници на шефот на државата.Во нив нема ни еден правен советник ниту експерт.
Единствено името на Александар Љ.Спасов е наведено како советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања.
Пендаровски засега се нема изјаснато со кои експерти се консултирал, но симптоматично е тоа што тој го потпиша Указот само еден ден откако Законот го поздрави американската амбасадорка Кејт Брнс.
Се поставува прашањето зошто Пендаровски и понатаму продолжува да биде заштитник и соучесник во погрешните политики на премиерот Заев, наместо да биде претседател на сие граѓани?
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, за Законот за попис вели дека со Законот за пописот ваков каков што е ќе се попишат лица кои што се засекогаш иселени од државата.
Кај нас има нешто што никаде го нема. Ќе се попишуваат лица на привремена работа или престој, а ниту се таму привремено ниту за кус престој туку се засекогаш. Ниту еден стандард меѓународен не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци бидејќи тие влегуваат во пописната маса надвор, смета таа.
Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ дека жители се и оние дома и оние надвор и сите треба да се попишат, Силјановска Давкова истакна дека такво нешто не треба да постои.
Само тие дома се жители, а тие надвор, како на пример моите роднини во Данска се жители во Данска, ама имаат и македонско државјанство. Нивното попишување не гледам со каква цел би било, бидејќи таму имаат образование, здравство социјална заштита, пензии, итн. Значи ниту еден стандард меѓународен не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци бидејќи тие ввлегуваат во пописната маса надвор.
Comments are closed for this post.