Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција, на денешната прес-конференција рече дека Мухамед Асани, директорот на болницата во Струга, е повикан во Владата да реферира по откривањето дека има ординација која работи на диво.
Вицепремиерот рече дека во меѓувреме е поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Инаку, случајот со д-р Асани излезе на виделина откако жена од Дебар обвини за несовесно породување при што и се отстранети неколку органи.
– Поднесена е иницијатива до ОЈО од страна на инспекторатот. Тимовите ги разгледаа сите прозивки и информации кои беа доставени до мене. Направен е надзорот и констатирана е дивата ординација. Веќе ги имаме нотарските изјави дека се вршени прегледи после 15.00 часот, рече Николовски.
– Се очекува стручниот надзор од Министерството за здравство да заврши за да можеме до крај да расчистиме, рече тој.
Comments are closed for this post.