Со оглед на новата состојба и рестрикциите во многу земји кои меѓу останатите бараат и од С.Македонија патниците да имаат негативен тест непосредно пред да влезат во земјата во која патуваат, на скопскиот аеродром, лабараторија на Жан Митрев постави пункт за правење на брзи тестови.
Тестирањето ќе се одвива пред терминалната зграда на „Меѓународниот Аеродром“ во Скопје, а екипи од клиниката Жан Митрев ќе бидат постојано присутни кога ќе има летови.
Како што информираат од ТАВ Македонија, патниците кои потребно е да направат тест, треба да пристигнат на Аеродромот најмалку 4 часа пред закажниот лет.
Comments are closed for this post.