Силва вчера имаше имал средба со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кои се наоѓаат во работна посета на Брисел.

На состанокот, португалскиот министер посочил дека неговата земја ќе работи на прашањето за преговорите со Македонија.

Силва потврди дека во рамките на нивните надлежности ќе направат сè што е во нивна моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ“, велат од Владата.

 

Димитров и Османи, пак, потенцирале дека евроинтеграциите на нашата земја мора да добијат засилено внимание со оглед на тоа дека уште од март минатата година има консензуална одлука од сите земји-членки на Унијата за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Тие ја потврдија посветеноста на земјата кон реформскиот процес, нагласувајќи дека јасната перспектива на земјата како идна полноправна членка на ЕУ, претставува најсилен поттик за продолжување на реформскиот процес и инкорпорирање на европските вредности дома“, соопштија од Владата.

 

На средбата Силва им ги претставил и приоритетите на португалското претседателство и посочил дека тие се насочени кон социјална, дигитална и зелена Европа, зајакнување на довербата на граѓаните во социјалниот модел, промоција на Унија заснована на вредности, солидарност и кохезија, како и на Унија која е способна координирано да работи за закрепнување од ковид-кризата.

Средбата меѓу Димитров, Османи и Силва се одржала на маргините на вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ на кој присуствувале шефовите на дипломатиите на земјите-членки.

Денеска, тие треба да се сретнат со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, како и со претставници на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување