Заострените мерки за сузбивање на коронавирусот во повеќе холандски градови предизвикаа безредија. .
Во Ајндховен и Ден Хаг се ограбени продавници и подметнати пожари. Во Ајндховен полицијата со солзавец ги растерала стотиците демонстранти, кои запалиле повеќе возила, уапсени се преку 30 лица.
Градоначалникот на Ајндховен, Џон Џоритсма, употреби драстични зборови за ескалацијата на протестите – доколку ситуацијата се развива на овој начин, „се движиме кон граѓанска војна“, изјави тој пред новинарите.
извор: Дојче веле
Comments are closed for this post.