Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја,  рече вчера претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Оваа изјава на лидерот на ДУИ покажува во која насока ќе се одвива попишувањето и какви резултати може да се очекуваат. Ахмети не прави или не сака да прави разлика помеѓу жителство и поседување на имот во земјата. Тоа е сосема различно. Секој може да поседува имот во Македонија, дури и странец но тоа не го прави автоматски жител. Дури и не секој државјанин мора да биде жител на Македонија.

Жителството е врзано со постојаното живеење во Македонија и тоа е според препораките на Евростат. Секој што е подолго од една година отсутен од земјата не може да биде т.н резидент туку иселен.

Ахмети вчера објасни дека дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен.

Прослава за Денот на албанското знаме во Чаир (фото: архива)

Од каде му се информациите на Ахмети дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти кога последниве 20 години има многу иселени Албанци но и Македонци?

Лицитирањето со бројки само ја поткопува довербата во пописот кој и онака кај нас е најмалку статистичка операција туку чиста математика.