Од вечерва на полноќ бензините и дизелот поевтини за два денари

22.01.2021 / 12:48


Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

Како што сооптши Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

РКЕ всушност изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување ја донесе зашто престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

-Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбaта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Ристески: Младите во фокусот на Оперативниот план за вработување 

пред 19 часа
Економија

Mицкоски: Паралелно се градат шест автопати

пред 1 ден
Економија

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

пред 4 дена
Економија

Граѓаните беа толерантни, ред е на трговците: Мицкоски очекува намалување на цените на храната

пред 5 дена
Економија

17.000 повеќе вработени и намалена невработеност

пред 1 нед.
Економија

Николоски: Со големи инфраструктурни проекти ќе ја направиме Македонија значително подобро место за живеење

пред 1 нед.
Економија

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортот

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски за нова инвестиција: Koмпанијата „Џаво Отмотив“ во Тетово ќе произведува автомобилски компоненти за познати светски брендови

пред 2 недели
Економија

Николоски: В четврток во Солун со присуство на еврокомесарот за транспорт ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10

пред 2 недели
Економија

Ќе се гради Скопје-Блаце: За Николоски ова е голем инженерски проект

пред 2 недели
Jojobet Girişdeneme bonusuDeneme Bonusu Veren Sitelermeritkingbetparkbetpark girişGrandpashabetgrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetcasibomjojobetjojobet girişcasibomdeneme bonusu veren sitelerMariobetmadridbetMadridbetMadridbetgrandpashabetcasibomgrandpashabet girişJojobetcasibomcasibomultrabetgrandpashabetultrabetgrandpashabet girişcasibombetciograndpashabet girişcasibom girişgrandpashabet girişgrandpashabetgrandpashabetholiganbetBetpas