Во индискиот Институт серум во Пуне, Индија, кој се смета за најголем производител на вакцини во светот, избувнал пожар, јавуваат светските агенции.
Институт произведува милиони дози од вакцината за корона вирусот Covishield на АстраЗенека и на Оксфордскиот универзитет. Оваа вакцина беше одобрена од индиските власти за вакцинирање на населението.
На локалните телевизии и на социјалните мрежи веќе има десетици клипови од густите облаци чад, што се издигаат од местотот. Засега не е познато дали со пожарот се опфатени и просториите за производство на вакцината.
Заменичката полициски комесар Намрата Патил за телевизијата PTI изјави дека пожарот избувнал во 14,45 часот по локално време на 4 и 5 кат во зградата на Институтот. Според првичните информации, евакуирани се три лица.
Моментно противпожарни екипи се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.
Comments are closed for this post.