Изминативе неколку недели на целата македонска јавност и стана јасно дека за гасификацијата се зборува едно, а во позадина се случува нешто друго, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека оваа Влада времето го искористи како да купи 25 години стар гасовод по цена колку што чини нов гасовод и за тоа да потроши скоро 33 милиони евра народни пари, во нашето соседство се изгради и се отвори новиот транзитен гасовод кој низ Србија поминува од бугарската до унгарската граница и кој треба да овозможи снабдување на јужна и југоисточна Европа со нешто повеќе од 30 милијарди кубни метри гас годишно. Овој гасовод овозможува Србија да биде транзитна држава и да остварува финансиски прилив од транзитот на природен гас Република Македонија е заобиколена држава. Според постоечките планови не се предвидени нови големи меѓународни транзитни гасоводи на Балканскиот полуостров. Со оглед на ова, слободно може да се заклучи дека оваа Влада не направи ништо за да ја внесе Република Македонија во глобалната гасоводна инфраструктура и со тоа и ја ускрати можноста да профитира од транзит на природен гас преку нејзината територија.

Сеуште немаме ниту пониски цени на природниот гас. Конкурентни цени требаше да се овозможат доколку се изградеше интерконекцијата со Грција која требаше да обезбеди нов независен извор за снабдување со природен гас. Овој интерконективниот гасовод секоја година само се најавува, но никако да започне неговата изградба. Да потсетиме, станува збор за проект за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2015 и 2016 година ги обезбеди потребните одобрувања од европските институции. Досега оваа Влада изгуби четири години, доволен период во кој интерконецијата целосно можеше да биде изградена и пуштена во работа.

Во четири години владеење, оваа Влада ги проби сите рокови и не успеа ниту да ги заврши магистралните гасоводи. Исто така, не започна ниту да ги гради дистрибутивните мрежи низ населените места. Со тоа уште многу долг период природниот гас ќе остане недостапен за нови корисници, а Република Македонија ќе биде негасифицирана држава.
Овие се неколку од многуте причини поради кои на Република Македонија и треба нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која сериозно ќе се посвети на гасификацијата, се вели во објавата на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

НЕПОПРАВЛИВИ „КВАНТНИ“ ПРОМАШУВАЊА ВО ГАСИФИКАЦИЈАТА

Изминативе неколку недели на целата македонска јавност и стана…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Tuesday, January 12, 2021