Собранието денеска со двотретинско мнозинство го изгласа новиот состав на Државната изборна комисија.
За нов претседател на ДИК, со 95 гласа „за“, е избран Александар Даштевски, кој беше предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој и порано беше член на Комисијата, а негова последна фунцкија беше претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
Даштевски доаѓа на местото на досегашниот претседател Оливер Дерковски, додека потпретседателка на ДИК останува Дитмире Шеху, предлог на ДУИ.
За член на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран уште Бобан Стојаноски. Членови на ДИК на предлог на СДСМ се досегашните членови Борис Кондарко и Радица Ристовска, а ново име е поранешниот заменик-министер за правда Оливер Ристовски. За член на ДИК на предлог на АА е избран Кренар Лога.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари.
Comments are closed for this post.