Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук порача дека премиерот Зоран Заев без срам говорел како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата е во рецесија.

Да, целиот свет чувствува последици од Корона пандемијата, но само Македонија ги чувствува последиците од СДСМ пандемијата која опустошува уште од 2017-та година, вели Мицкоски.

Тој објави и две фотографии на кои се гледа дека капиталните инвестиции опаѓаат, а задолжувањето на државата расте.

-Се поставува прашање: „Каде се парите?“, вели Мицкоски.

Заев, без срам, говореше како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата се наоѓа во рецесија….

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, January 5, 2021