Министри и високи функционери од ДУИ вчера го одбележаа роденденот на лидерот на партијата, Али Ахмети во салата за состаноци во новата зграда во која се смести Министерството за политички систем и односи со заедниците со кое раководи Артан Груби.
Случајно или не, вселувањето во овој објект се случи токму на роденденот на Ахмети.
Фотографијата ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи, на која се гледа дека масата за состаноци е исполнета до последно место, а на чело е Ахмети.
На фотографијата се гледа како функционерите на ДУИ седат еден до друг, без дистанца и без заштитна маска. По реакциите од јавноста Османи ја тргна фотографијата од социјалните мрежи.
Можеби затоа министерот Османи, како лекар по професија, на својата објава на Фејсбук не кажува ништо околу тоа.
4 јануари, напиша Османи.
Comments are closed for this post.