Вакцинацијата против ковид-19 во Хрватска најверојатно ќе започне на 4 јануари, изјави денеска епидемиологот Горанка Петровиќ и најави дека вакцините ќе пристигнат во земјата во првите денови од следната година.
Вакцините ќе бидат дистрибуирани до сите окружни институти за јавно здравје, и оттаму ќе бидат испратени каде што вакцинацијата е приоритет.
Тоа се домови за стари лица и изнемоштени лица, здравствени установи, болниците и одделенијата кои работат со пациенти со ковид, пренесува порталот „Индекс“.
Хрватска се соочува со голем пораст на заразени изминативе месеци. Вчера се регистрирани 2 360 нови случаи и 73 починати. Хрватските медиуми објавуваат неофицијално дека денеска бројот на нови случаи е 3 300. Во моментов на болничко лекување има 2 897 лица, од кои 304 се на респиратор.
Досега од почетокот на епидемијата во Хрватска има вкупно 21 861 заразен.
Comments are closed for this post.