Словенечкиата влада одлучи до 23-ти декември да бидат укинати дел од рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот.
Од денеска во Словенија повторно ќе функциноира јавниот сообраќај, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.
Дополнително укинување на мерките словенечката влада одобри во само четири региои со најповолна епидемиолошка слика и тоа во централна Словенија, Горишка, Крајбрежно-Кришкиот регион и Горењската област.
На сила останува мерката едно лице да биде на простор од 30 квадрартни метри.
Бизнисмените ја поздравија владината мерка за укинување на дел од мерките, додека министерот за здравствои Томаж Гантар е внимателен и ја потсети јавноста на лимитираните капацитети на здравствениот систем.
Comments are closed for this post.