Германското претседателство утре ќе се обиде да бидат усвоени заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Македонија. Како што потврдија за МИА од Советот на ЕУ, на дневен ред на утрешниот амбасадорски состанок се ставени заклучоците за проширувањето, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија.
Иако германското претседателство ги враќа заклучоците за проширувањето на дневен ред, во овој момент не е познат каков компромис ќе предложи, но извесно е дека Германија подготвува нови заклучоци. Главната информација што циркулира веќе две седмици во дипломатските кругови во Брисел е дека се бара компромис околу формулација поврзана со „погрешна интерпретација на историјата“.
Додека претседателството на ЕУ смета дека оваа реченица треба да биде сместена во уводот за сите земји од регионот, Софија, според дипломатски извори, сака таа да биде вметната специфично за Македонија.
Comments are closed for this post.