На Фејсбук  бугарскиот премиер Бојко Борисов оцени дека треба да бидеме чесни едни кон други и да го бараме решението во дијалог и разбирање, порачувајќи дека како пријатели треба да бидеме искрени едни со други.

– Така ќе одиме напред. Ако се инаетиме, проблемите ќе останат. Решението е дијалог, солидарност, разбирање. За едно подобро утре! Ние сме подготвени да помогнеме. Истото сакаме да го видиме и кај нашите соседи и пријатели, наведе Борисов во објавата.