Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепската област е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа што ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN). Прилепската област каде што се снимаше „Врба“ влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји.
Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката: македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски – и локациите – како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално, вели продуцент на „Врба“ Јане Ќортошев.
На официјалниот сајт на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти што трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да гласа на следниов линк: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU.
За наградата Најдобра филмска локација во Европа останатите финалисти се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“.
Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.
Comments are closed for this post.