Европската унија бара начин да го укине ветото на Унгарија и Полска за буџетот на 27-члениот блок, истовремено задржувајќи го и механизмот за владеење на правото, со кој се условува пристапот до буџетските средства, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Варшава и Будимпешта, кои се наоѓаат под лупа на ЕУ за наводно нарушување на независноста на судството и медиумите, ставија вето на буџетот на ЕУ и Фондот за обнова, бидејќи тие се противат на тоа парите да се условуваат со почитување на владеењето на правото.
Говорејќи денеска во Долниот дом на Бундестагот, Меркел, исто така, кажа дека пандемијата на Ковид-19 го нарушува балансот на светската економија, при што многу земји претрпеа економски пад поради корона кризата.
Таа оцени дека како најеластични се покажале оние економии што успеале пандемијата да ја стават под контрола.
Во говорот на германската канцеларка ветото на Бугарија за Македонија воопшто не било споменато
Comments are closed for this post.