Најмалку едно лице починало, а над 250 се хоспитализирани поради непозната болест во јужната индиска држава Андра Прадеш пренесе БИ-БИ-СИ.

Сите случаи се од градот Ерулу. Пациентите имале широк спектар на симптоми од гадење до напади и паѓање во несвест. Децата особено се жалеле на горење на очите. Пациентите направиле тестови за Ковид 19 и сите биле негативни. Лекарите се обидуваат да откријат за што се работи.