Германската канцеларка Ангела Меркел и годинава, десета по ред, се најде на првото место на листата на списанието „Форбс“ меѓу стоте највлијателни жени во светот.

На второ место се најде шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард, а на третото новоизбраната вицепретседателка на САД, Камала Харис.

Во топ петте највлијателни жени во светот се најдоа уште и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и Мелинда Гејтс, копретседателка на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.