Говорејќи во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, очекува дека земјите од ЕУ ќе дадат зелено светло за слободно движење на граѓаните на Косово, кое ги исполнило сите услови за визна либерализација.

Мекалистер изјави дека процесот на интеграција на земјите од југоисточна Европа е предизвик во кој тие мора да победат со помош и поддршка на Европската унија.

Косовската министерка за европски интеграции Дурата Хоџа нагласи дека очекува одлуката за визна либерализација на Косово да се донесе за време на австриското претседавање со ЕУ.

Ги исполнивме сите услови за либерализација на визите и отпочнавме со информативна кампања за граѓаните. Убедени сме дека патот кон интеграција е наш единствен пат и очекуваме позитивна одлука, рекла Џоџа.