Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја шокираше јавноста во Бугарија откако изјави дека луѓето не се иселувале поради лошата економска состојба во земјата туку поради климатските промени.

Природата секој ден нè потсетува дека климатските промени се факт. Она што е денес – поплави, суши, земјотреси, цунами, е исто така една причина за миграцискиот бран-вели Борисов.