Натпартиските простести кои синоќа се одржаа во 11 градови од денеска прераснуваат во блокади во главниот град.
ВМРО-ДПМНЕ вчера му постави ултиматум на премиерот Зоран Заев до вечерта да одговори какви тајни преговори се воделе викендов во Софија, а во спротивно најави блокади на Скопје.
Протестната поворка ќе се движи од МНР до Владата од 12.30 до 14 часот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа рече дека живееме во историски моменти кога се одлучува за нашата иднина, кога понудените решнија отвораат поголми проблеми и претставуваат пречка за иднината. Тој повика на масовност на денешниот натпартиски протест.
Ако денеска не успееме, се плашам дека некои идни генерации ќе немаат можност да ја поправат грешката што денес ја прават Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.