Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во ЕУ со Македонија ризикува да создаде нова пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две од земјите-членки, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени. Се чини дека сега ќе се појават конфликти уште меѓу две земји поради двовековен етнички спор, пишува Ставрос Цимас во својата анализа за „Катимерини“, пренесуваат бугарските медиуми.
И Бугарија и Македонија се клучни членки на Алијансата во регионот. Бугарија заради нејзината улога како надзорник на Црното Море и јужниот дел на Русија, а Македонија како тампон зона против понатамошно руско влијание во срцето на Балканот. И двете земји многу силно ги чувствуваат ефектите од американско-рускиот конфликт на влијание, додава аналитичарот.
Целиот текст на Слободен печат.
Comments are closed for this post.