Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ побара граѓаните масовно денеска да излезат на протестот што го организира партијата во 12,30 часот и да побараат оставка од премиерот Зоран Заев.

Протестната поворка ќе се движи од МНР до Владата од 12.30 до 14 часот.

Само политички аматер преговара за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ. Сега мораме тоа да го спречиме, денеска блокираме пред Влада и МНР.
Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да порачаме: Оставка на Заев, слобода на народот!, порача Мицкоски.

Само политички аматер преговара за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ. Сега мораме тоа да го спречиме,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, December 1, 2020