Поранешниот премир на Македонија, Љубчо Георгиевски во синоќешното гостување на емисијата „Клик Плус“ на телевизија ТВ21, истакна дека Зоран Заев и’ прифатил на Бугарија дека Гоце Делчев е заеднички јунак и дека за тоа, тој и претседателот Стево Пендаровски се подготвени да потпишат посебна декларација.
Ова Георгиевски го опишува не како напредок, туку како вистинска револуција која се случувала во Македонија, а жално е што Бугарија не го гледала тоа.
Во неколку наврати Заев и Пендаровски се изјаснија дека се спремни да потпишат некоја декларација со која би прифатиле дека Гоце Делчев е заеднички јунак. Тоа е револуција која се случува во Македонија. Да кажеш дека Гоце Делчев е заеднички јунак, тоа е како Бугарија да води 1-0, но после тоа да стави вето за ЕУ, тоа значи дека Бугарија од водство од 1-0, го изгуби натпреварот службено 3-0, рече Георгиевски, кој појасни дека бил во Бугарија на средби со државниот врв за да им објасни дека не треба да ставаат вето на Македонија за влез во Европската унија.
Comments are closed for this post.