Одлуката ќе стапи на сила на 18 ноември, точно еден месец по прогласувањето на епидемијата, се вели во соопштението на владата, пренесе агенцијата СТА.
Со изјавата се потврдува дека сите словенечки региони потврдиле дека бројот на новозаболени го надминал бројот потребен за прогласување епидемија.
Според важечките прописи во Словенија, ако во период од 14 дена просечниот дневен број на новозаболени е 140 или повеќе на 100.000 жители, 250 хоспитализирани и 50 на интензивна нега, се исполнети условите за прогласување епидемија.
Официјалните податоци покажуваат дека просечниот дневен број на новоинфицирани е 922, бројот на приеми во болница 1.264, а бројот на пациенти на интензивна нега е 205.
Словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар очекува нови построги мерки, од кои некои започнаа денеска, за да ги покажат ефектите по две недели.
„Сметам дека за 14 дена, како што е проценето, ќе започнеме со олеснување на мерките“, рече Гантар.
Епидемијата во моментов е под контрола, па наскоро ќе почнат да се подготвуваат критериуми за ублажување на ограничувањата, пренесува словенечката агенција СТА.
Олабавувањето на ограничувањата е прашање на договор меѓу владата и нејзината советничка работна група за ковид- 19, додаде министерот.
Ковид 19 продолжува да се заканува со преоптоварување на словенечкиот здравствен систем, кој ќе остане под зголемен притисок уште некое време. Големиот број инфекции меѓу здравствените работници е голем проблем, рече тој.
Одговарајќи на оние кои сметаат дека мерките требало да бидат воведени порано, Гантар рече дека „лесно е да се биде мудар отпосле“.
Comments are closed for this post.