Во пожарот што избувна на одделот за интензивна нега во болница на северот на Романија, каде се лекуваат пациенти со коронавирус, загина десет лица, соопштија романските власти.Сите биле на респираторни машини.
Портпарол на службата за итни случаи во регионот каде избувна пожарот изјави дека пожарот проголтал две простории во кои имало 16 пациенти пред да се изгасне.
Според неа, се верува дека сите жртви „биле заразени со коронавирус“.
Таа рече дека уште еден пациент и еден член на болничкиот персонал се во критична состојба по пожарот.
Comments are closed for this post.