Сојузот на спортови Скопје оваа година ја додели наградата 13 Ноември на предлог на Комисијата и со одлука на Управниот одбор на Сојузот.
Сојузот на спортови на Скопје ги доделува овие награди повеќе од 50 години, а оваа година врачувањето на наградите е поразлично од претходно поради вонредните услови кои што ги наметна пандемијата од Ковид-19.
Наградата 13 Ноември на Спортист се доделува на спортистот Игор Димовски, кој што е долгогодишен активен спортист -триатлонец и маратонско пливање, за освоена шампионска титула во Триатлон, со забележителни резултати на меѓународни триатлон натпревари и за препливувањето на Ламанш.
Наградата Спортски работник се доделува на Александар Петровски, познат репрезентативец, спортски работник, тренер во ракометниот спорт, директор на спортски центар “Борис Трајковски”.
Сојузот на спортови на Скопје ја доделува наградата Спортски работници за Животно дело на примариус д-р. Нада Темелкоска, спортски лекар во заводот за спортска медицина, Ристо Петров, спортски работник, тренер и дел од градскиот кугларски сојуз и во Кугларската федерација на Македонија, Петар Шумановски, еден од главните носители на стрелачкиот спорт во Скопје и Mакедонија и на Марјан Начевски, врвен ракометен спортски работник, судија и делегат.
Наградата 13 Ноември за помагање, и поддршка на спортски натпревари и настани припадна на Дејан Трајковки началник на МВР на Р.Македонија, за особен придонес, помош и поддршка на организацијата на програмите на сојузот и воопшто на спортот, особено атлетските улични трки и ВИЗ ЕР Скопски маратон, Скопје трча 10 к. Женска трка, Скопје на Точак, велосипедски активности, училишниот спорт и секаде каде што треба поддршка и помош од страна на полицијата во организацијата на спортот.
Сојузот на Спортови на Скопје наградата 13 Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот и спортската рекреација во Скопје, ја додели на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за особени заслуги за поддршка и помош што ја дава за развој и унапредување на спортот и спортските активности во Град Скопје.
Comments are closed for this post.