Има напредок околу отворените прашања, но наспроти тоа, по петчасовните преговори, се уште не сме во состојба да ја одобриме преговарачката рамка.
Ова го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по средбата со министрите за евроинтеграции и за надворешни работи на С.Македонија во Берлин, пишува софискиот портал Дневник.бг.
Според неа, за целата Европска Унија ќе е тешко ако има отворени прашања со С. Македонија.
-Се уште имаме шанса да постигнеме согласност околу преговарачката рамка, нема многу време, но германското претседателство е ангажирано, изјави Захариева.
Захариева објасни дека вчерашната средба завршила со извесен напредок, но тој се уште не може да доведе до одобрување.
-Не е во прашање оспорувањето на реалноста, туку одразот во реалноста на оспорувањето на историската вистина, што се одразува дури и во малцински претензии, изјави Захариева.
Comments are closed for this post.