Во последните 24 часа биле евидентирани 1.165 нови случаи на зараза со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 14.734.
Меѓу нив, 1.127 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 94 се на апарати за дишење, пренесува нет.хр.
Починале дури 32 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 52.660 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 594 починале, вкупно 37.332 закрепнале, од кои 2.293 во последните 24 часа.
Во моментов има 25.925 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 507.163 лица, од кои 5.115 во последните 24 часа.
Comments are closed for this post.