Во организација на Центарот за стратегиски истажувања и анализи ЦСИА од Битола, со поддршка на „Civica mobilitas“ денеска во Битола се одржаа обуки на тема „Граѓански надзор над безбедносните агенции“. На обуката можеше да се слушнат интересни размислувања на тема реформи во безбедносните агенции, надзорот врз нив и улогата што може да ја одиграат медиумите.
Предавачите, Професорите Ице Илијевски и Злате Димовски како и новинарот Игор Чавески се сложија дека Македонија треба да има безбедносни агенции надвор од сите политички влијанија и оти во нив треба да бидат професионалци кои си ја знаат работата.
Comments are closed for this post.