Почина актерот Данчо Чевревски

30.10.2020 / 9:04


Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Магазин

Митевска: Танец“ веќе 76 години успешно ја исполнува својата мисија

пред 1 ден
Магазин

Aца Лукас се нагрна со македонско знаме (ВИДЕО)

пред 2 дена
Концерт на „Фрајле“ во Македонската филхармонија

Женските Балашевиќ го донесоа духот на Нови Сад во Скопје (ВИДЕО)

пред 2 дена
Магазин

Предлог за „евтин“ ручек во петок: Печен лосос во меден сос

пред 5 дена
Магазин

Тандемот на хуморот: Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски

пред 7 дена
Магазин

Атанас и Тино ветија смеење до солзи во најновото стендап-шоу „На линија“ на 21 и 23 ноември

пред 7 дена
Магазин

Зошто пукна пријателството меѓу Цеца и Мира Шкориќ?

пред 1 нед.
Магазин

Kaрлеуша за скандалот со Врањеш: Me злоупотреби

пред 1 нед.
Магазин

Conquering Lion со нов албум ‘ONE WORLD’ – реге повик за единство и љубов“

пред 2 недели
Магазин

Цеца: Гледам дека знамето не е македонско, не сум полудела до толку

пред 2 недели