Мила Царовска, министерката за образование, на денешниот настан во Фондот за иновации и технолошки развој, одговарајќи на новинарско прашање рече дека актуелниот модел на настава ќе остане непроменет до крајот на учебната година.
Дали се размислува за менување преку една недела на група на ученици ќе беше случај доколку состојбата останеше на ниво на 1 октомври и доколку можеби се намалуваше бројот на новозаразени, но денеска имаме зголемен број на новозаразени и токму затоа сметаме дека овој модел треба да остане во пракса и да го одржиме до крајот на учебната година, рече Царовска.
Таа додаде дека за 18 проценти се зголемик бројот на ученици кои следат онлајн настава и дека вчера попладне од МОН била испратена апликација до училиштата да одговорат колку редовно, кога станува збор за оние кои немаат уреди и пристап до интернет, ја следат учениците наставата преку телевизор. Министерката најави дека до 20 ноември ќе се формираат првите оценки.
Постојано сме во дневна комуникација со директорите и градоначалниците за квалитетно да се постави системот на оценување. Доколку наставникот увиди предизвик дека не може да го оцени ученикот преку онлајн настава, ќе има право да го повика на индивидуална средба за да го утврди поквалитетно нивото на знаење кај ученикот, наведе Царовска.
Comments are closed for this post.