Републиканското мнозинство во американскиот сенат ја потврди номинацијата на Ејми Кони Барет како 115-ти судија во Врховниот суд. По гласањето, Барет положи заклетва на церемонија во Белата куќа.
Таа е петтата жена, која влегува во Врховниот суд во неговата 230-годишна историја. Барет е третата номинација на претседателот Доналд Трамп за Врховниот суд со што се потврди конзевативното мнозинство во институцијата и тоа само една недела пред претседателските избори.
Потврдата на номинацијата претседателот Трамп ја оцени како „ден од големо значење“. Барет, која важи за религиозна конзервативка, вети дека ќе води од независноста на судскиот систем.
Comments are closed for this post.