Во Словенија од денес со почеток од 21 часот до 6 часот наутро е воведен полициски час. Исто така за разлика од до сега кога беше дозволено да се групираат 10 лица од сега оваа бројка се намалува на шест.
На сила е и забраната за движење меѓу регионите сè уште важи, со одредени исклучоци.
Според податоците објавени на веб страната на словенечката Влада на 18 октомври направени биле 2637 тестови, од кои 537 имале позитивен резултат на ковид-19. Хостипализирани биле 289 пациенти од кои 55 на интензивна нега. Имало и два смртни случаи.
Comments are closed for this post.