Полицијата ги објави деталите од тешката сообраќајна несреќа во Нова Градишка во која автомобил проби ѕид од куќа и заврши внатре, а возачот загина.

Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на раскрсницата на улиците Славча и Људевит Гај.

Полициските службеници со увид утврдија дека до сообраќајната несреќа дошло кога 40-годишниот возач, управувајќи го сопственото возило, поради неприлагодена брзина, поминал покрај видно поставениот знак „Стоп- задолжително запирање“ па потоа низ раскрсницата, слетал од колникот и удрил во ѕидот на семејна куќа, сопственост на 61-годишник, објаснуваат од  бродско-посавската полиција.

Од силината на ударот возилото го пробило ѕидот на семејната куќа и завршил во внатрешноста на домот. Во таа прилика во споменатата куќа немало луѓе. Возачот на автомобилот смртно настрадал на самото место.