По дебаклот од мерката „Викенд без ДДВ“, македонскиот премиер Зоран Заев истакна дека граѓаните биле сиромашни, штеделе пари па затоа не купувале на викендот без ДДВ, а јавноста со коментари дека Заев треба да проба да живее со 126 денари дневно за да знае што е вистинска сиромаштија.
Од обезбедените 17 милиони за поврат на ДДВ, непромисленоста на мерката доживеа неуспех затоа што ќе се вратат само 9% од предвидените средства кон граѓаните.
Заев вели „Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба“.
Можеби поточно е тоа дека граѓаните не купуваат, не затоа што штедат пари како што вели премиерот, туку затоа што се сиромашни. Најновото истражување кое излезе вчера од „Фајнанс тинк“ Институтот за економско истражување и политики, кој анализира дека над 100.000 граѓани сега живеат со две евра дневно.
Нашата анализа покажа дека заради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на ковид кризата. Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5,5 долари или 125 денари (според паритет на куповна сила), истакна Деспина Туманоска од „Фајнанс тинк“.
Скоро половина милион наши сограѓани живеат во тотална сиромаштија, плод на скапите сметки и животниот стандард податок кој го посочи Светската банка која во својот Извештај за човечки капитал и пандемијата, вели дека до крајот на 2020 година сиромаштијата ќе биде зголемена за 23%, што остава над 450.000 граѓани на раб на егзистенција во Македонија.
Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5.5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден – се вели во соопштението од Институтот.
Ако на ова се додаде податокот дека Македонија е една од најсиромашните државни во Европа, според листата на топ десет најсиромашни држави во Европа во 2020, Македонија е на шестто место, според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд. Се ова не е ништо ново за нашата земја за која македонскиот премиер кој велеше дека 2019 година ќе биде економска година, но тоа не се случи, сега тој признава дека македонските граѓани се сиромашни.
Состојбата со економската рецесија ќе се влошува по анализите на реномираните организации, како и никаков особен напредок не не очекува на полето на подигнување на животниот стандард.
Comments are closed for this post.