Независноста на медиумите и на правосудството се во опасност во некои членки на ЕУ. Европскиот парламент бара во нужен случај и кратење на парите за Полска и Унгарија, кои пак се сметаат за неоправдано ставени на тапет, пишува „Дојче веле“.
Оценката на европскиот пратеник Михаел Симецка од Словачка беше остра – Унгарија веќе не е демократија, а Полска е на пат во таа насока. Сериозни сомнежи постојат и во однос на Бугарија, каде луѓето веќе три месеци демонстрираат против корупцијата и владата. Симецка, како известувач на Европскиот парламент, се залага за воведување европски механизам за обезбедување на демократијата и владеењето на правото во членките на Европската унија. Поткопувањето на слободата на медиумите и на независноста на правосудството во одделни држави, истакна Симецка во својот говор, доведе до тоа „силно да настрада сликата на ЕУ како гарант на демократијата. ЕУ мора да биде демократски проект каде луѓето нема да бидат своеволно апсени и нема да го губат своето работно место кога ќе изнесат свое мислење.
Целиот текс на следниов линк.
Comments are closed for this post.