Растечка бројка на новозаразени на коронавирус има речиси во секоја земја во Европа. Тоа и беше очекувано, односно најавено како есенски бран на коронавирусот.

Дали тоа значи дека на Европа се заканува нов карантин?

Најтешко погодената европска земја од коронавирусот, Шпанија, во петокот донесе мерки во тешко погодените подрачја, но рестораните, фитнес-центрите и трговските центри може и натаму да работат во ограничен капацитет. Околу 5 милиони жители на Шпанија, меѓу кои повеќемината од Мадрид, од петок не смеат да ги напуштаат своите градови. Шпанската влада најави посебни мерки на градовите со над 100 илјади жители, на кои има 500 заразени на 100 илјади граѓани. Во моментов такви градови се 11.

Нови рестрикции се воведени во Ливерпул. Во таа област се забранети блиски контакти во затворен простор, на оние лица кои не се членови на исто семејство. Се рпепорачува да не се оди на спортски настани, да не се патува ако е нужно, а се забранува и посета во домовите за стари лица. Во целата земја, кафулињата, рестораните и баровите мора да се затвораат во 22 часот, а собирањата се ограничени на шест лица.

Маските задолжителни во продавниците и во јавниот превоз. Поради пораст, Германија го прошири списокот на ризични земји на Белгија, Исланд и некои други делови од Европа. Речиси цела Франција е прогласена за ризично подрачје. Се размислува откажување на најпознатиот божиќен саем, и на прослава на божиќните празници воопшто.

Одлучено е да се воведе најголем степен на мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Париз. Од денеска на две недели ќе бидат затворени сите барови, додека рестораните ќе мора да ги спроведат новите заштитни мерки. Жителите од Париз ќе „мора“ да работат од дома, односно оние кои можат од дома да ги завршат своите обврски, тоа да го сторат задолжително. На универзитетските предавања не смеат да бидат присутни повеќе од пола студенти од капацитетот на предавалните.

На две недели се затворени и рестораните и баровите во Марсеј.

Чешка од понеделникот воведе нова вонредна состојба поради вртоглав порас на инфекцијата на коронавирусот. Тоа значи повторно забрана за ограничување на собирања и казни за оние кои ги кршат мерките.

Но, овој пат границите ќе бидат отворени. Максимален број на учесници на собирања ќе биде десет во затворени, и 20 во отворени простери. Професионалниот спорт ќе биде без гледачи. Рестораните и продавниците се опфатени со нови мерки.

Здравствените власти предложија да се воведе карантин во земјата во траење од четири недели. Оваа одлука треба да се расправа во текот на идните денови.

Властите ќе ги повикаат жителите да останат дома, освен за вежбање и рекреација, но не подалеку од 5 километри од своите домови, а ќе бидат отворени само продавници за основни намирници. За разлика од првиот карантин, овој пат ќе работат училиштата и градинките.

Исланд од вчера нареди затворање на кафулињата, теретаните, местата за забава и го ограничи бројот на луѓе кои може да се собираат на јавни собири.

Од понеделник во јавност не смее да има собир на повеќе од 20 лица, со исклучоци како судовите, парламентот и факултетите. Досега ограничувањето беше на 200 лица. На сила останува мерка за дистанца, а јавните базени ќе работат со пола капацитет.

 

извор: тв21