Во програмата на Владата за 2020-2024 година има формулација во однос на тоа дека владата во соработка со приватниот сектор ќе го охрабри и ќе го поттикне со цел за поддршка и промовирање на добри меѓуетнички односи и толеранција, со цел тоа да создаде една позитивна работна средина, во смисла на искористување на тој целокупен човечки потенцијал во економијата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во денешното интервју за РСЕ.
Веднаш да разграничам тоа што е важно, оти гледам дека во јавноста се создадоа доста активности во однос на оваа тема, значи во економијата, тоа не само кај нас, туку и во целиот свет, квалитетот ќе биде пред сè, тој ќе биде детерминирачки, а ние веруваме, јас лично верувам дека граѓаните независно од нивната етничка припадност имаат свои квалитети како личности и професионалци. Идејата на ова е како што постојат вакви вредности во Европска унија, диверзитетот да биде една од вредностите. Како што има во светските глобални компании, како што денес еден Гугл во кој главен извршен директор е од Индија, така и тука диверзитетот ќе биде само позитивна вредност во нашата економија и тоа да произлезе и од потребите на пазарот, вели министерот.
Comments are closed for this post.