Интернационалниот видео проект “Револуција во живо” на режисерката Теа Беговска работен со театарска екипа во online форма ќе има своја премиера во живо на социјалните медиуми.
Ова е прва онлајн изведба во живо која собра актерска екипа од пет држави: Босна и Херцеговина, Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.
Во овој видео проектот се обработуваат пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Секој од актерите на свој начин, преку своето искуство зборува на овие теми, секој на својот мајчин јазик.
Станува збор за спој на актери од различни генерации кои преку овие теми зборуваат за нивната професија сакајќи да укажат на некои работи кои можеби сме ги заборавиле. Ова е нивната револуција за театарот, за актерите.
Во online форма, премиерата ќе можете да ја проследите со превод на англиски јазик во среда на 30.09.2020.
Comments are closed for this post.