Во Скопје владее вистинска еуфорија со доаѓањето на Тотенхем иако тоа е завиено со доза на мистериозност.
Екипата на Жозе Мурињо е сместена во хотелот Хилтон и до утрешниот меч речиси нема и да излегува од него.
Немаат тренинг ниту пак прес конференција и практично тимот директно од хотелот ќе дојде на стадион и веднаш потоа си заминува за Лондон. Тие имаат и полициска придружба за време на целиот престој.
„Република“ имаше ексклузивна можност да ѕирне во редовите на Тотенхем и тоа преку голманот Уго Лорис. Тој во Скопје дојде со дрес потпишан од Кејн, Деле Али, Сон, Бејл и секако на Мурињо.
Погледнете како изгледа. Вреди вистинско злато
Comments are closed for this post.