Странските директни инвестиции ни се лизгаат од раце. Економски Лидер дознава дека американската компанија Аптив, наместо во Македонија , по трет пат реши да инвестира во Србија, иако оваа компанија е присутна подолго време во земјава.
Извори од компанијата велат дека барем една од трите компании што веќе инвестираа во Србија, во изминатите две до три години , можеше да инвестира во Македонија, но заради недоволната ангажираност од страна на институциите задолжени за привлекување странски инвестиции, како и поради лошиот и несоодветен третман кон веќе посточеката инвестиција на Аптив – тоа не се случи.
Инаку странската компанија Аптив во Србија има 3 компании, една во Нови Сад, втората во Лесковац, и третата во Зајачар , со вкупно вработени над 7000 лица.
Аптив е една од најголемите светски компании добавувачи во автомобилската индустрија со годишен обрт од 15 милијарди долари.
Последните статистички податоци во земјава покажуваат одлив на странски капитал . Во текот на вториот квартал од 2020 година , инвестициите бележат одлив од 9, 3 милиони евра
Речиси подолго време во земјава речиси и да нема вест, дека некоја странска компанија решила да инвестира кај нас.
Кај оние постоечките компании веќе има намалување на извозот од 30 %, а државата долго време остана глува за нивните барања, како на пример намалување на царинските стапки.
Comments are closed for this post.